Трагедија во Шпанија: Загина еден од најталентираните европски мотоциклисти (ВИДЕО)

Тажни вести доаѓаат од Шпанија, каде што на трката во Алканиз загина 14-годишниот мотоциклист Уго Милан.

На трката во Европскиот куп за помлади јуниори Милан беше еден од најталентираните европски мотоциклисти, но тој загуби контрола врз моторот на средина на патеката, а потоа на него налета еден возач од Полска.