Стефановски седми на првата трка на патеката „Валелунга“ во Италија!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски го освои седмото место на денешната прва трка од „ТЦР Италија“ шампионатот, која се возеше на патеката „Валелунга“ во близина на Рим.

Популарниот Иџе тргна од десеттата стартна позиција и успеа да напредува три позиции, но и покрај тоа што се доближи до шестото место на Пелегрини, се случи голем инцидент, откако скалвини имаше спектакуларно излетување. Трката беше прекината на 11 минути пред официјалниот крај и се возеше со црвено знаме до самиот крај, што значеше дека Македонецот ќе финишира како седми. Победата ја освои Бриљадори, кој ја имаше и пол-позицијата, а на подиумот завршија и Џардели и Тавано.

Утре на програтам е втората трка на „Валелунг', која ќе почне во 16:35 часот исто така со директен пренос на Телма. Стефановски ќе стартува од пол-позицијата.