„Шумахер сакаше често да мами, додека Хамилтон секогаш победуваше на чесен начин“

Луис Хамилтон го престигна легендарниот Михаел Шумахер по број на победи во Формула 1,а по успехот на Британецот се јави и Мартин Витмарш, кој е поранешен диркетор на Мекларен.

Човекот кој во Ф1 влезе во 1989 година, а сега реши да направи споредба меѓу двајцата возачи во „најбрзиот циркус“

„Никогаш не го разбирав Шумахер како што треба. Секогаш беше непријател, не возеше како што треба и се обидуваше да го измами мојот возач. Луис е неверојатен, но сака да победи на вистински, искрен и чесен начин. Мислам дека на Шумахер не му беше важно тоа“, вели Витмарш.