Шумахер догодина нема да вози во Ф1: Многу сум разочаран!

Мик Шумехер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, не ги оправда очекувањата на Хас, па денеска дозна дека нема да вози следната сезона во Формула 1, откако тимот потпиша договор со Нико Хулкенберг.

Екипата на Хас реши да не му ја продолжи соработката на Шумахер, кој потврди дека трката во Абу Даби ќе му биде последна за тимот.

„Ова ќе биде моја последна трка за Хас. Многу сум разочаран што не го продолжив договорот. Сепак, им благодарам на Хас и Ферари за шансата. Со нив созреав и сметам дека заслужувам место во Ф1. Ќе се борам за да се вратам на патеката“, кажа младиот возач.