Шампионски триумф за крај: Хамилтон го освои Абу Даби, Леклер под истрага од стјуардите

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, славеше на последната трка сезонава во Формула 1, за Големата награда на Абу Даби.

Шесткратниот светски шампион ја оствари својата 84-та победа во кариерата и 11-та сезона. Тој постави грен слем во Абу Даби, откако ја имајќи пол - позиција, победата, како и најбрзот круг на трката.

Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет заврши Шарл Леклер од Ферари. Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас го зазеде четвртото место, иако тргна од последната, 20-та позиција, додека петти низ целта мина Себастијан Фетел од Ферари.

Но, овој пласман може да има и поинаков расплет, бидејќи Леклер е под истрага поради кршење на правилата поврзани со долевање на гориво.

Инаку, возачот на Вилијамс, Роберт Кубица, денеска ја возеше својата последна трка во Формула 1, откако објави дека го напушта натпреварувањето. Ник Хулкенберг, пак, најави едногодишен прекин, нема да биде на првенството следната година, а засега е непознато дали ќе се врати во Ф1.