Саинц се повреди на фудбалски меч, но ќе вози во Монако (ФОТО)

Возачот на Ферари, Карлос Саинц се повреди во текот на хуманитарниот фудбалски меч пред трката за Големата награда на Монако, меѓутоа Шпанецот потврди дека ќе вози на патеката.

Саинц заедно со Шарл Леклер настапи на фудбалскиот меч, но во еден момент почувствува болка во десната нога, по што мораше да интервенира и доктор.

„Сакам да ви кажам дека сум целосно подготвен за трката во Монако“, напиша Саинц.