Пустински крал: Стефан Петерхансел стигна до 14-та титула на релито Дакар

Точно три децении откако првпат победи на најтешкото светско рели Дакар, Стефан Петерхансел слободно може да биде крунисан за крал на пустината, зашто стигна до својата 14-та титула триумфирајќи и годинава на најпрестижното и најтешко светско рели кое се возеше во Саудиска Арабија.

Петерхансел својата прва титула на Дакар пред три децении првпат победи како мотоциклист, во 1991 година, а потоа освои уште пет трофеи во 90-те со својот мотор, во 1992, 1993, 1995, 1997 и 1998, а од 1999 година се префрли кај автомобилите и славеше осумпати. Во 2004, 2005 и 2007 со Мицубиши, потоа во 2012, 2013 и годинава со Мини, а во 2016 и 2017 со Пежо.

Смени три локации со Дакар, до 2007, се возеше низ Сахара од Париз до Дакар, а потоа релито се префрли од 2009 до 2019 година во Јужна Америка, за последните две изданија да се возат во Саудиска Арабија. Годинава победи со 13,51 минута пред Насер Ал Атијах од Катар со својата Тојота, а еден час пред третиот Карлос Сајнц од Шпанија со Мини.

Аргентинецот Кевин Бонавидес на Хонда е победник на годинешното издание на релито кај мотоциклистите и за него ова е прв триумф на релито Дакар, откако пред три години беше трет. Победи со 4,56 минути пред Американецот Рики Барбеко на Хонда, додека трет беше Британецот Сем Сандерленд на КТМ со заостаток од 15,57 минути.