Прва победа за Морбидели во Мото ГП

Италијанскиот мотоциклист Марко Морбидели на Јамаха стигна до својата прва победа во кариерата во Мото ГП, откако денеска триумфираше на патеката „Марко Симончели“ за Големата награда на Сан Марино.

Откако беше втор во Чешка, Морбидели (25) сега стигна и до највисокото место на пиедесталот, победувајќи во интересната трка пред Франческо Багнаја и Жан Мор, а легендарниот Валентино Роси остана во последниот круг без место на пиедесталот.

Без пласман остана Фабио Кваратаро, кој дури двапати падна за време на гранприто. Следната трка во Мото ГП шампионатот се вози веќе следната недела и повторно на истата патека.