Пред 18 месеци беше во кома по тешка несреќа, а денеска најави кам-бек во болидот (ФОТО)

Хуан Мануел Кореа објави дека се враќа во авто-мото спортот на стартот на оваа сезона, само 18 месеци откако имаше ужасна несреќа на „Спа“ за врема на трка во Формула 2 шампионатот. 

Еквадорецот заработи тешки повреди на едната нога, а при инцидентот животот го загуби Антоан Хубер. Кореа исто така имаше проблеми со дишењето, па мораше да биде ставен во вештачки индуцирана кома повеќе од две недели.

Неговото здравје се подобри и со сериозна рехабилитација успеа целосно да ја врати функцијата на неговата десна нога. Тој во новата сезона 2021 година ќе почне да се натпреварува во Формула 3 и неговиот сон останува ист, а тоа е еден ден да вози во Формула 1.

„Многу сум среќен што се враќам по сè она низ што поминав“, изјави Кореа. „Благодарен сум на АРТ Гран При, многу ми значи што веруваат во мојот кам-бек. Формула 3 е година за транзиција, мојот сон и натаму е да возам во Формула 1 и ова е првиот чекор кон кам-бекот“, додаде 21-годишниот возач.