Откриена сумата што семејството Шумахер ја троши за нега на Ф1 шампионот – огромна е!
Италијанските медиуми пренесуваат дека трошоците за лекување и заштита на приватноста на Шумахер пораснале на седум милиони евра годишно. Поради ова, неговата сопруга Корина решила да ја продаде вилата, како и замокот во негова сопственост, приватниот авион и колекцијата на часовници. Имотот се продава со цел да се заштити поранешниот Формула 1 ас и да се задржи надежта за негово подобро утре.
Легендарниот Ф1 возач настрада пред крајот на 2013 година кога на скијање надвор од патеката падна и со главата удри во карпа. И покрај тоа што носел заштитна кацига, тој се здобил со сериозни повреди поради кои поминал половина година во индуцирана кома. Речиси ништо не се знае за неговото здравје. Семејството Шумахер не излегува во јавноста со одговори на прашањето кое многумина ги интересира, па неговите фанови можат само да погодуваат како е тој и колку е зависен од другите.