Официјално: Алонсо следната сезона ќе вози во Ф1! (ВИДЕО)

Искусниот возач Фернандо Алонсо се враќа во Формула 1, откако информацијата официјално ја потврди и неговиот следен тим Рено.

Рено денеска на социјалните мрежи го потврди неговиот ангажман, а Шпанецкот, кој наскоро ќе наполни 39 години, доаѓа како замена за Даниел Рикардо, кој се сели во Мекларен.