Норис ќе стартува од пол-позицијата на Хунгароринг! (ВИДЕО)

Возачот на Мекларен, Ландо Норис имаше најбрз круг во квалификациите за трката за ГН на Унгарија, клучно за исходот беше инцидентот на Цунода на две минути до крајот.

Норис ќе стартува од пол-позицијата, негова трета во кариерата, а до него во првиот ред ќе биде тимскиот колега Пјастри.

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен имаше трето време, во топ десет завршија уште и Саинц, Хамилтон, Леклер, Алонсо, Строл, Рикиардо и Цунода.

Токму Цунога имаше важна улога за исходот. Имено на две минути до крајот на квалификациите тој го удри болидот од заштитната ограда по што се појавија црвени знамиња. Трката беше стопирана додека да се исчисти патеката. 

Додека траеше санацијата, почна да врне дожд, до тој момент водечки позиции имаа Норис и Пјастри, па така и остана до крајот.