Норис ќе го искористи шампионското право: Тоа е историја, постои со причина

Новиот светски шампион Ландо Норис потврди дека ќе го искористи правото наредната сезона да вози во со бројот еден.

Во Формула 1 само актуелниот шампион има право да го избере бројот еден, токму затоа и Макс Ферстапен возеше со него во изминатата сезона. Норис со победата го доби тоа право, а сега потврди и дека ќе го искористи.

„Тоа е традиција. Постои со причина, треба вредно да работите за да се стекнете о тоа право“, изјави Норис.

Инаку, поранешниот шампион Луи Хамилтон во минатото не се одлучи да се трка со бројот еден и си ја задржа својата „44-ка“. Норис од доаѓањето во Формула 1 во 2019 година возеше со бројот четири.

„Сите ние кои имавме улога во Мекларен или во мојот болид, ќе гоо носиме со ггордост. Тоа се сите механичари, инжењери, сите што се дел од тимот се заслужни. Значи, не е само за мене, туку и за нив. Тоа е нивна гордост затоа што вложија многу работа и труд“, порача Мекларен.

Од друга страна според најавите Ферстапен би можел да настапува со бројот три кој го користеше Даниел Рикиардо.