Неверојатен момент: Гасли и Строл имаа идентично време во квалификациите (ФОТО)

Во вториот квалификациски циклус денеска на патеката „Силверстоун“ се случи неверојатен момент, кога двајца возачи поставија идентично време.

Шансите да се случи вакво нешто се речиси неверојатни, но тоа им успеа на Пјер Гасли од Алфа Таури и Ленс Строл од Рејсинг Поинт. Во вториот квалификациски циклус двајцата возачи извозеа круг со време од 1:26,501 минути.

Строл беше возачот кој продолжи во третиот квалификациски циклус и тоа само поради фактот што прв го постави времето. Младиот Канаѓанец потоа успеа да се избори за шеста стартна позиција, додека утре на трката Гасли ќе тргне од 11-тото место.