Најава за подобри денови? Шумахер се преселил од Швајцарија на – Мајорка

Легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, кој веќе пет години во најголема мистерија живее по тешката несреќа што ја имаше на скијање на француските Алпи и беше шест месеци во кома, се преселил од Швајцарија во Шпанија, па сето тоа малку ги израдува неговите навивачи дека состојбата со седумкратниот шампион се подобрува.

Неговата здравствена состојба веќе пет години е тајна и никој не знае што се случува со легендарниот Шуми. Германскиот весник „Бунте“ објави дека од сигурни извори, Германецот со семејството се преселил во Мајорка, каде неговата сопрга Корина купила комплекс вреден 30 милиони евра.

Инаку преселбата на Шумахер во Шпанија се случила пред крајот на минатата година, па Германецот со семејството таму го дочекал Божиќ. Од својата резиденција во Швајцарија во местото Гланд на женевското езеро со приватен хеликоптер заминал во вилата Јасмин во пристаништето „Д'Андраткс“.

Во затворениот комплекс на осторовот, каде Шумахер сега живее е место каде богаташи имаат свои вили и опкружен е со вили на луѓе со многу пари. „Бунте“ најавува дека во вилата Шуми и понатаму е опкружен со медицински лица кои се грижат за неговото здравје.

Според информациите од очевидци, кои го виделе Шумахер, тој седел на терасата опкружен со медицински сестри и бил покриен со кафено ќебе.