Викендов во Македонија беше празник за авто-мото спортовите. Покрај трките на Водно, кои се одржаа првпат по подолга пауза, имаше адреналин и на две тркала.

На патеката „Лагово“ кај Прилеп, во организација на мото клубот Ноќни волци во соработка со екстрим клубот Сторм Рајдерс, се одржа мотокрос трка, која се бодува за македонскиот Мотокрос шампионат. Во класата МХ2 убедлив беше Христијан Станковиќ победувајќи во двете трки, додека во МХ-опен изненадување приреди дебитантот Христјан Бузалковски победувајќи и во двете трки. И двајцата се членови на Ендуро тим Водно Скопје.