Мерцедес во Монако ќе вози во чест на Ники Лауда

Мерцедес на Големата награда на Монте Карло ќе му оддаде чест на легендата на Формула 1 и поранешен директор на екипата, Ники Лауда, кој почина неодамна.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон беше близок со Лауда, а тој во вторникот по смртта на поранешниот возач кажа дека Ники му бил инспирација во животот.

„Баравме Луис да не биде на конференцијата за медиумите поради смртта на Ники. Бараме разбирање затоа што Луис загуби близок пријател. Ќе му оддадеме почит на Луада на нашиот болид, само уште не знаеме како. Членовите на тимот ќе носат црна лента од четврток“, кажа портпаролот.