Механичарите на Мерцедес по четири дена маки успеаа да извадат тркало од болидот на Ботас (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас нема по добро да ја памети трката за Големата награда на Монако, која мораше да ја заврши предвреме поради проблеми при менувањето на пневматиците.

Грешката на механичарите се случи во 31. круг од трката кога Ботас беше второпласиран и водеше битка со Макс Ферстапен за првата позиција, а тркалото остана заглавено на болидот.

Тркалото не успеаа да го извадат ниту по трката, па механичарите се бореа цели четири дена за конечно да го отстранат од болидот.