Медицинска сестра открива: Шумахер е во свесна состојба!

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, беше примен во болницата во Париз во понеделникот на „тајно лекување“.

Шест години по несреќата, кога силно ја повреди главата на 29 декември 2013 година додека скијаше, Шумахер конечно излезе надвор. Како што објавија француските медиуми, бил подложен на третман со матични клетки во болницата „Жорж Понпиду“, која била претворена во вистински бункер.

Парискиот весник носи сензационална вест дека Шумахер е во свесна состојба.

Ова го пријавила неименувана медицинска сестра во одделот каде лежи славниот возач.

Да, тој е во моја служба. Можам да кажам дека е во свесна состојба, ги пренесоа медиумите нејзините зборови.

Медиумите објавија дека за Шумахер бил заслужен професорот Филип Менаш, француски кардиохирург познат по тоа што е првиот што трансплантирал клетки на ембрион кај пациент во 2014 година со срцева слабост.