Маркез спектакуларно ја почна приказната со Дукати – беше незапирлив во Тајланд!

Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез, на импресивен начин ја започна својата приказна со тимот на Дукати, триумфирајќи во спринт трка за Големата награда на Тајланд, прва во новата сезона од Мото ГП-шампионатот.

По утринската пол-позиција на патеката во Буринам, тој продолжи со доминацијата и во трката, не оставајќи им можност на ривалите. На второто место заврши неговиот брат, Алекс Маркез од тимот Гресини, додека подиумот го комплетираше Франческо Бањаја, двократен светски шампион и тимски колега на Марк.

Во првите десет се пласираа уште и Огура, Морбидели, Акоста, Квартараро, Биндер, Мир и Зарко. Главната трка за ГН на Тајланд се вози утре од 9 часот наутро по македонско време.