Маркез славеше во Каталонија, Лоренцо направи инцидент (ВИДЕО)

Марк Маркез успеа денеска да слави на трката за Големата награда на Шпанија, откако ја искористи грешката на колегата Хорхе Лоренцо, кој при обид за преминување ги турна Валентино Роси, Андре Довициозо и Маверик Вињалес.

Токму ваквиот инцидент го искористи Маркез, кој го презема првото место и сега дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Второ место освои Фабио Квартараро, кој првпат се искачи на подиумот, а на третото место се пласираше Данило Петручи.