Маркез на уникатен начин ја прослави - осмата светска титула (ВИДЕО)

Шпанецот Марк Маркез денеска ја одбрани титулата во Мото ГП, откако славеше на трката за Големата награда на Тајланд и тоа во последниот круг, кога го премина Фабио Квартараро.

По победата, Маркез реши да прослави и тоа на навистина уникатен начин, откако на билјард го испрати топчето со број 8 во дупката.