Лудница во Ф1: Алпин го претстави како нов возач, а тој веднаш ги откачи!

Алпин пред неколку дена дозна дека ќе остане без Фернандо Алонсо, кој од следната сезона ќе вози за Астон Мартин, па поради тоа веднаш реши да промовира нов возач наместо поранешниот светски шампион.

Нов возач на Алпин требаше да стане Оскар Пијастри, откако тоа го соопшти екипата, но талентираниот возач реши да се јави преку социјалните мрежи и да каже дека тоа не е вистина.

Пијастри демантираше дека потпишал договор со Алпин и дека ќе вози за нив од следната сезона, а навивачите на екипата буквално останаа во шок.

„Колку што разбрав, без моја дозвола, Алпин објави дека ќе возам за нив од следната сезона. Тоа не е вистина и јас не сум потпишал договор со Алпин за 2023 година. Нема да возам за нив идната сезона“, напиша Пијастри.