Леклер казнет по трката за Големата награда на Јапонија

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, ќе мора да ја заборави трката за Големата награда на Јапонија што е можно поскоро.

Леклер во текот на трката направи два различни прекршоци, што резултираше со временска казна.

Леклерк е казнет со пет секунди за судир со Макс Ферстапен, а потоа и дополнителни 10 секунди за возење со оштетен автомобил по истиот инцидент.

Со вкупно 15 секунди временски рок, талентираниот возач падна од шестото на седмото место во финалниот пласман. Шестата позиција на крајот му припадна на Даниел Рикардо.

Тие не го внесоа болидот со број 16 во во боксот на крајот од првиот круг веднаш по инцидентот кога оштетувањето беше јасно видливо. Потоа му рекоа на својот возач да остане на патеката, иако директорот на трката кажа поинаку. Тимот предизвика небезбедно тркање на патеката, а воедно беше избегнат дополнителен судир на патеката, соопштија стрјуардите на трката во Јапонија.