Леклер испушти победа на три круга пред крај, Ферстапен славеше во Австрија

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Австрија, деветтата трка во годинешниот шампионат во Формула 1.

Младиот Холанѓанец славеше на патеката, откако на три круга пред крајот во борба за лидерската позиција го премина Шарл Леклер од Ферари, кој водеше во поголемиот дел од трката. На трето место заврши возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

На прво место во генералниот пласман се наоѓа Луис Хамилтон, а веднаш зад него е Ботас, додека третопласиран е Ферстапен, пред Себастијан Фетел и Леклер.