Леклер доби казна од десет позиции за претстојното гран-при во Саудиска Арабија

Првиот возач на Ферари, Шарл Леклер, кој имаше катастрофа со болидот и не ја заврши воведната трка во Бахреин во новата сезона во Формула 1, доби казна од десет позиции за претстојната втора трка од сезоната, во Џеда (Саудиска Арабија).

Ферари се решил да менува електронски компоненти во моторот на болидот на Ферари, по што автоматски ја активирале казната и Леклер ќе мора да тргне десет позиции поназад од позицијата која ќе ја освои на официјалните квалификации, што е нов удар за возачот и за италијанскиот тим.

Ферари мака мачеше со болидите кои откажуваа на трките во минатата сезона, а и новата почна многу проблематично, особено за Леклер.

„За жал ќе мора да добиеме казна за Џеда зашто имаме само две контролни електронски единици за оваа сезона“, рекол тимскиот шеф на „црвениот барон“, Фредерик Васер.