„Ле Паризиен“: Шумахер донесен во Париз на таен третман, има проблем со срцето?

Германската автомобилистичка легенда, Михаел Шумахер, седумкратниот првак во Формула 1, кој веќе шест години е во вегетативна состојба после несреќата на француските Алпи бил донесен на траен третман во париската болница „Жорж Помпиду“ и е префрлен на одделот за кардиохирургија, пишува угледниот француски весник „Ле Паризиен“.

Според весникот, легендарниот Шуми со брза помош со женевски регистарски таблички бил донесен во Париз на оддел каде ќе биде под константен надзор за кардиоваскуларниот систем, но засега нема информации за што станува збор, освен дека весникот пишува дека веројатно се работи со проблем на срцето кај Германецот.

Инаку Шумахер бил однесен на носилки кои биле прекриени со темно сина прекривка, за да не се види неговото лице, ниту телото, а го следело обезбедување од десетина луѓе, кои внимавале на секој детал за да не истечат некакви информации.

Главен човек кој се грижи за Шумахер е 50-годишен Германец, професор Филип Менаше, кој е стручњак за станична терапија за лечење на болести на срцето, но истовремено е шеф и на институтот за мозок и рбет во болницата „Пити Салпетие“ во Париз.

Шумахер имаше несреќа пред Нова година, на 29 декември 2013 година, кога на скијање на Аплите, паднал и удрил со главата во камен, а иако носел кацига, повредите биле претешки. Тој повеќе од една година беше во индуцирана кома, а потоа во вегетативна состојба со сериозни оштетувања на мозокот бил префрлен во неговиот дом во Женева, каде лекарски тимови константно се грижат за неговото здравје. Но, јавноста нема информации за тоа каква е неговата состојба и дали истата се подобрува.