Квартараро на пол-позицијата, Маркез нема да вози во Андалузија

Пилотот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Андалузија, втора сезонава во Мото ГП шампионатот.

Инаку, фокусот на љубителите на „кралската“ класа беше насочен кон Марк Маркез, кој се појави на патеката во Шпанија, но организаторите на крајот одлучија да не му дадат можност да стартува на утрешната трка. Причина за ваквата одлука е тоа што Маркез минатиот викенд се здоби со сериозна повреда, скршеница на раката, по која имаше операција два дена подоцна, па затоа никој не сакаше да рескира и да го пушти на утрешната трка. Тоа значи дека актуелниот шампион повторно ќе го видиме на патеката во Брно, за две недели.

Од второто место на утрешната трка ќе стартува Маверик Вињалес, додека трето време оствари Франческо Бањала од Дукати. Од вториот ред ќе стартуваат Валентино роси (Јамаха), Мигел Оливеира (КТМ) и Франко Морбидели (Јамаха).