Катар ќе дебитира во Ф1 сезонава, а потоа ќе добие и десетгодишен договор

Формула 1 денеска објави дека сезонава ќе дебитира трката за Големата награда на Катар, што ќе се одржи на 21 ноември. 

Оваа трка потоа ќе биде редовна во календарот на Ф1, бидејќи организаторите потпишаа десетгодишен договор, што почнува да важи од 2023 година. Патеката „Лосаил“ е добро позната во авто-мото спортот, бидејќи на неа најчесто се возат трки во Мото ГП, ВТЦЦ, Супербајк.