Историски триумф на КТМ во Мото ГП

Јужноафриканскиот мотоциклист Бред Биндер по само три трки во кралската класа во Мото ГП стигна до победа на чепкото гранпри кое денеска се возеше во Брно, за на Ред Бул КТМ да му ја донесе историската прва победа.

КТМ четири години е дел од најсилната класа во мотоциклизам, а Биндер, кој е дебитант во Мото ГП, стигна до триумф и сега со 28 бодови е петопласиран во генерланиот пласман. Зад Биндер заврши Франко Морбидели од Јамаха, додека подиумот го комплетираше Јоан Зарко, возачот на Дукати, кој ја имаше пол-позицијата на трката.

Актуелниот лидер во генералниот пласман Фабио Керетаро, кој води со 59 бодови имаше разочарувачки настап со пласман дури на седмата позиција, додека ветеранот Валентино Роси беше петти.

Актуелниот светски првак Марк Маркез поради втората операција на раката не возеше и дури во септември треба да се врати на патеките. Зад Керетаро во генералниот пласман е Маверик Виналес со 42 бода, а денеска тој заврши дури на 14-то место.