Историја: Давидовски прв Македонец кој победил на трка во ТЦР Европа

Макеоднскиот автомобилист Виктор Давидовски денеска испиша историја со победата на патеката „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција и стана првиот Македонец со победа во ТЦР Европа.

Давидовски тргна од пол-позиција за гранприто во Франција, а досега најдобар пласман на „Пол Рикар“ му беше четвртото место и после вчерашната шеста позиција во првото возење, денеска успеа да триумфира.

Зад него ззавршија Клим Гаврилов и Пепе Ориола.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TCR Europe (@tcreurope)