Иџе ќе стартува од седмата позиција во Имола

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе во квалификациите за последната сезонска трка во Имола во рамки на ТЦР Италија шампионатот го освои седмото место. 

Денешната прва трка е закажана за 16 часот, а Иџе има добра позиција, откако извозе најбрз круг со време од 1:53,778 минути. Втората трка на истата патека е закажана за утре со почеток во 12:40 часот.

Нашиот автомобилист на патеката „Енцо и Дино Ферари“ сезонава веќе еднаш се искачи на подиумот освојувајќи го третото место на втората трка, што се одржа кон крајот на август. Победа оствари на „Валелунга“ исто така во втората трка.