Хорнер призна: Само Саинц може да го победи Ред Бул
Саинц сè уште нема тим за следната сезона, а за тоа зборуваше и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
„Сè е можно затоа што Саинц имаше неколку одлични трки. Искрено, само тој од 2022 година е единствен возач кој може да го победи Ред Бул. Ние не брзаме никаде, засега сме задоволни од Перез, но не знаеме дали ќе остане следната сезона“, кажа Хорнер.
Хорнер не ја исклучи можност за да го ангажира Саинц, кој повторно би бил тимски колега со Макс Ферстапен, со кој возеа заедно во Торо Росо.