Хамилтон трет пат на пол-позицијата на „Интерлагос“

Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот. 

Возачот на Мерцедес по трет пат во кариерата ќе тргне од првото место на легендарната патека „Интерлаго“ крај Сао Пауло. Хамилтон извозе круг со време од 1:07,281 минути, додека втор беше Себастијан Фетел од Ферари со задоцнување од само 0,093 секунди.

Од вториот ред ќе тргнат Валтери Ботас од Мерцедес и возачот на Ферари, Кими Раиконен. Потоа следуваат двајцата возачи на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо. На седмото и осмото место изненадувачки се возачите на Заубер, Маркус Ериксон и Шарл Леклер, додека најдобрите десет ги комплетираат Роман Грожан и Пјер Гасли.

Бразилското гран-при е претпоследна сезонска трка, а титулата веќе ја обезбеди Луис Хамилтон.