Хамилтон со рекордна шеста пол-позиција во Силверстоун

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон со Мерцедес ќе стартува од пол-позицијата на британското гранпри на патеката „Силверстоун“, на утрешната трка, откако попладнево беше најбрз во официјалните квалификации.

Хамилтон стигна до рекордната шеста пол-позиција на домашното гранпри, а зад него заврши актуелниот лидер во генералниот пласман Себастијан Фетел од Ферари, кој заостана зад Британецот со 0,044 секунди. Хамилтон го извозе најбрзиот круг со 1:25,892 минути за да стигне до стартната позиција.

За Хамилтон ова е јубилејна 50-та пол-поциција откако тој вози за Мерцедес. Зад Хамилтон и Фетел, во вториот ред ќе тргнат Кими Раиконен од Ферари, кој заврши како трет и клупскиот колега на светскиот првак, Валери Ботас. Зад нив ќе тргнат двоецот на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикиардо, а следуваат Кевин Магнусен и Ромаин Грожан, двајцата од Хас, Чарлс Лекрерк од Заубер, Естебан Очон од Форс Индија...