Хамилтон потресен од загинувањето на Коби: Тој беше мојата инспирација!

Шампионот во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, изрази сочувство за смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант.

Тој го нарече Брајант за еден од најголемите спортисти во историјата.

Со тага дознав дека изгубивме еден од најголемите спортисти во историјата. Личност која беше инспирација за толку многу луѓе – вклучително и мене. Длабоко ми е жал за неговото семејство и од сите луѓе за кои тој беше пример. Нека Коби и неговата ќерка да почиваат во мир, истакна Хамилтон

Исто така скршен од тага бил и поранешниот пилот Фелипе Маса.

Навистина тажен ден за спортот. Бог да ги благослови вашите семејства и пријатели, напиша Маса на социјалните мрежи.