Хамилтон по хаосот во Муџело: Ова е како да имавме три трки во еден ден!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон кажа дека трката за Големата награда на Тоскана била една од најлудите во кои учествувал досега.

Британецот триумфираше на патеката Муџело во трка која ја одбележаа неколку инциденти, па двапати трката мораше да биде прекината.

За Хамилтон ова беше шеста победа во сезоната, а вкупно 90. во кариерата, па само една му недостига да го стигне рекордот на Михаел Шумахер.

„Неверојатно е тоа што имам 90 победи. Ова беше луда трка. Како да имавме три трки во еден ден. Беше многу тешко и напорно. Изморен сум, морам да признаам“, кажа Хамилтон.