Хамилтон ќе тргне пред два болида на Ред Бул на трката во Италија

Пред трката за Големата награда на Емилија-Ромања во Италија беа одржани интересни квалификации, кои му припаднаа на Луис Хамилтон од Мерцедес, додека зад него завршија двајцата возачи на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен.

Хамилтон успеа да ја освои својата 99. пол-позиција во кариерата со време од 1.14.441, додека зад него завршија Перез и Ферстапен. Четвртата позиција му припадна на Шарл Леклер, а по нив следат Гасли, Рикардо, Норис, Ботас, Око и Строл во топ-10.

Најголемо разочарување во квалификациите беше возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој ќе ја почне трката од 11. место.