Хамилтон ја освои пол - позицијата, пилотите на Ферари ќе нападнат од вториот ред

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Гоелмата награда на Абу Даби, која е последна за оваа сезона во Формула 1.

Хамилтон, кој успеа сезонава да ја одбрани титулата во Ф1, беше најбрз во квалификациите и со оствареното време од 1:34.77 беше подобар од Валтери Ботас, но поради промена на моторот, Финецот ќе стартува од последната позиција.

Од второто место во Абу Даби, трката ќе ја започне со Макс Ферстапен од Ред Бул, додека возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел ќе стартуваат од третото и четвртото место.

Зад Леклер и Фетел се Александар Албон, Ландо Норис, Даниел Рикардо, Карлос Саинз, Нико Хулкенберг.

Трката во Абу Даби ќе започне утре во 14:10 часот.