Хамилтон фотографиран со атрактивна девојка како заминува од роденден (ФОТО)

Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон беше фотографиран со позната блогерка Захра Елис. Парот се сретна на роденденот на актерот Кевин Харт во Лос Анџелес, кадешто се запознале и разговарале, а потоа заедно заминале со нејзиниот автомобил, иако Хамилтон пристигнал на прославата со своето Ферари.

Пред да заминат, Хамилтон испаднал џентлмен, па го наполнил резервоарот со гориво, а потоа двајцата очигледно имале приватна забава.

Елис е блогерка, која има милион фанови на Инстаграм, а минатата година ја поврзуваа со Јусеин Болт.