Формула 1 со ново правило ќе тргне во новата сезона

Челниците на Формула 1 се спремни да го прифатат предлогот за наредната сезона која започнува на 17. март со трката за Големата награда за Австралија, да се доделува по еден бод за возачот со најбрз круг на трката.

Предлогот стигнал на маса, откако била направена анкета меѓу љубителите на Ф1, одговорот бил позитивен, а челниците на Формула 1 оцениле дека предлогот е прифатлив, а притоа ќе донесе и поголеми возбудувања.

Услов за добивање на дополнителниот бод, е возачот со најбрз круг, на крајот од трката да биде меѓу десетте првопласирани возачи.