Фијаско на Хамилтон во квалификациите, Ферстапен освои пол-позиција во Кина

Макс Ферстапен на одличен начин го почна денот во Кина, откако утрово славеше на спринтот, а потоа беше најбрз и на квалификациите, додека Луис Хамилтон разочара во борбата за подобар старт на главната трка.

Во првиот дел од квалификациите разочара Хамилтон кој ќе тргне дури од 18. позиција, а потоа следеа нови возбудувања на патеката, но Ферстапен повторно го покажа својот квалитет и ја освои пол-позицијата.

Зад Ферстапен заврши тимскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез, а во топ-3 е и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

По нив беа двајцата возачи од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, додека од шестото и седмото место ќе тргнат Леклер и Саинц.