Фетел удри по Ферари: Ова веќе нема смисла!

После новиот ужасен настап на итаијански Ферари на вчераното гран-при на Силверстоун, каде Чарл Лекер заврши како четврти, а Себастијан Фетел дури 12-ти, поранешниот светски првак Фетел удри по својот тим со кој не е во најдобри односи во неговата последна година како член на „црвениот барон“.

Фетел си заминува по завршувањето на оваа сезона, а ужанскиот настап во Силверстоун се должи поради неговото извршување уште на стартот, по што се најде на последното место, а потоа дотурка само до 12-то место.

„Знаете дека ја за*бавте, нели?“, уште после излегувањето од боксот по промената на пневматиците, јавно ги поткачи шефовите, откако заглави во густ промет на патеката.

Сега Фетел објасни дека нешто многу нефонкционира во тимот.

„Ние разговаравме утрото и заклучивме дека нема смисла да влегуваме во бокс кога е густо и потоа – баш тоа го правиме?! Па ставивме тврди гуми за десет круга, ако беа и толку, а сето тоа немаше смисла. Зошто би имале тврди гуми за десет круга, а потоа средни за следните 20? На крај ги потрошив гумите, а и за тоа разговаравме. Немам одговори?“, рече Фетел.

Вчера победи Макс Ферстапен пред двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валери Ботас.