Ферстапен обвинет за сексизам - ја навредил ќерката на трикратен светски шампион!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е обвинет за сексизам поради непримерен коментар кој го имал за својата девојка Кели Пике, ќерка на поранешниот трикратен светски шампион Нелсон Пике.

Во видео разговор со навивачите, актуелниот лидер во Ф1-шампионатот доби прашање за тоа што е најдоброто нешто што го купил, а неговиот одговор предизвика бурни реакции.

„Мојата девојка“, кажа Ферстапен на шега, но тој детал изнервира многумина, па навивачите сега бараат казна за возачот.

Тие сметаат дека Ферстапен треба да одговара за сексистички напад, а некои дадоа и предлог до Ред Бул да го отпушти возачот кој оваа сезона се бори за шампионската титула, но такво нешто тешко дека ќе се случи.