Ферстапен: Ми се допаѓа Лас Вегас, но не за да возам болид во Ф1

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен продолжи со критиките на сметка на организаторите на трката во Лас Вегас.

Откако пред неколку дена кажа дека тоа е 99 отсто шоу, а само еден процент трка, Ферстапен повторно испрати критики.

„Јасно ми е дека е потребно шоу, но за мене нема никакви емоции во оваа трка. Јас го сакам Лас Вегас, но не би се тркал на него, туку би одел во казино“, кажа Ферстапен.