Ферстапен ќе тргне пред Хамилтон на трката во Остин

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен имаше одлични квалификации пред трката за Големата награда на САД во Остин, па така ќе тргне од првата позиција, односно пред неговиот најголем ривал за титулата во Ф1, Луис Хамилтон од Мерцедес.

Зад двајцата кандидати за титулата во „најбрзиот циркус“ ќе стартува Серхио Перез, по што следи Валтери Ботас на четвртото место, па двата болида на Ферари, односно Шарл Леклер и Карлос Саинц.