Ф1 постигна важен договор: На Силверстоун ќе се возат две трки

Главните луѓе на Силверстоун се договорија со раководството на Формула 1 да се возат две трки на популарната патека и тоа на 26 јули и 2 август. Договорот засега не е потпишан, но се очекува наскоро да се случи тоа.

Двете страни имаа проблем да се договорат околу сумата за одржување на двете трки, но компромиси беше постигнат по долги преговори.

Единствена закана во моментов за трката е протоколот на Владата во Велика Британија, која превидува 14-дневен карантин за сите кои ќе пристигнат во државата.

„Со големо задоволство можам да потврдам дека Силверстоун и Формула 1 постигнаа договор за одржување две трки ова лето, но без присуство на навивачите. Сепак, мора да почекаме дозвола од властите, зашто приоритет е здравјето и безбедноста, како и почитување на правилата воведени поради Ковид-19“, соопштија од Ф1.