Довициозо оди на одмор: Во 2021 година нема да вози во Мото ГП

Искусниот мотоциклист Андреа Довициозо реши во 2021 година да не вози за ниту еден тим, ниту пак да биде дел од тест-тимовите. 

Трикратниот светски вицешампион, на почетокот од оваа сезона, токму пред првата трка во Австрија, која воедно е  и негова единствена победа, објави дека нема да го продолжи договорот со Дукати. Си заминува по седум години, а Италијанецот наводно имал расправија со челниците на тимот и не му се допаѓал правецот во кој се движи Дукати. Наводно, парите за нов договор не биле проблем, туку филозофијата на тимот.

Довициозо имаше понуди од фабричките тимови на Јамаха и Хонда да биде нивни тест-возач и прва замена, доколку еден од двајцата нивни возачи се повредат или не се во можност да се тркаат. Имаше понуди и од Априлија и од КТМ, но 34-годишниот мотоциклист одлучи да одмор една година и да се врати во 2022 година.