Доминација на Оливеира во Португалија за крај на сезоната во Мото ГП

Возачот Мигел Оливеира триумфираше на трката за Големата награда на Португалија. Младиот Португалец на домашен терен водеше од самиот почеток до крајот и така стигна до втората победа сезонава.

Зад одличниот Оливеира заврши Џек Милер од Дукати, кој имаше задоцнување од три секунди, додека на подиумот се искачи и Франко Морбидели од Петронас Јамаха.

Новишт шампион во кралската класа, Жоан Мир, кој титулата ја освои минатата недела во Валенсија, овој пат не успеа да ја заврши последната трка во сезоната.