Доминација на Мерцедес во Унгарија: Хамилтон беше најбрз на квалификациите

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас денеска беа побрзи од конкуренцијата, па така актуелниот шампион ќе тргне од пол-позиција на трката која ќе се одржи утре, додека неговиот тимски колега ќе стартува втор.

Зад двајцата возачи на Мерцедес следат Макс Ферстапен и Серхио Перез од Ред Бул, додека во топ-10 се уште и Пјер Гасли, Ландо Норис, Шарл Леклер, Естебан окон, Фернандо Алонсо и Себастија н Фетел.